Шпанската полиција уапси најмалку шест лица и ги претресе канцелариите на Шпанската фудбалска асоцијација како дел од истрагата за корупција и перење пари поради сомневања за договорот на Асоцијацијата со Саудиска Арабија за домаќин на Суперкупот во оваа земја од Блискиот Исток.
Полицијата соопшти дека извршила рација во канцелариите на Федерацијата во близина на Мадрид и во резиденцијата на поранешниот претседател Луис Рубиалес во Гранада. Рубиалес денеска е еден од главните осомничени бидејќи е издаден налог за негово апсење.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Никогаш не сум направил грешка. Не знам ништо за случајот“, гласела поркатан на Рубиалес која ја испратил од Доминиканската Република.
Шпанското обвинителство соопшти дека во потрага по документи се претресени вкупно 11 простории и дека очекува операцијата да заврши со апсење на седум лица и идентификација на уште пет лица под истрага.
Рубиалес поднесе оставка во септември, откако предизвика меѓународен скандал бакнувајќи ја репрезентативка на Шпанија во устата на победничкиот подиум на церемонијата на трофејот во Сиднеј во август, каде што триумфираше Шпанија.
За време на неговиот мандат во Шпанската Конфедерација, Рубиалес го промени форматот на Суперкупот во 2020 година со тоа што турнирот го направи четири тима и го пресели во Саудиска Арабија како дел од договорот вреден 40 милиони евра по турнир.
Обвинителите започнаа истрага за договорот во 2022 година, откако беше објавена аудио снимка помеѓу Рубиалес и фудбалерот Жерар Пике во врска со провизии од милиони долари.