Во Барселона во летниот преоден рок се очекува да пристигнат нови имиња, а едно од нив може да биде српскиот фудбалер, Лазар Самарџиќ од редовите на Удинезе.
Информацијата ја објави каталонскиот спорт, кој тврди дека Барселона го следи развојот на Самарџиќ уште од моментот кога беше е во младинската академија на Херта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самарџиќ прерасна во еден од најдобрите играчи на својата позиција во Серија А, а претходно беше блиску до преселба во Интер и Наполи, но тие трансфери пропаднаа во последен момент.
Самарџиќ одлучи да остане во Удине до лето кога би требало да направи трансфер во поголем клуб.
„Спорт“ открива дека Самарџиќ има клаузула која изнесува околу 35 милиони евра, што не е преголема сума за денешните услови на трансфер пазарот, меѓутоа може да биде и проблем поради финансиската ситуација во Барселона.
За Удинезе оваа сезона одигра 25 натпревари, со три гола и две асистенции.