Дома Фудбал Англија Снимка од Халанд поради која стравуваат во Манчестер 🎥

Снимка од Халанд поради која стравуваат во Манчестер 🎥

Напаѓачот на норвешката репрезентација Ерлинг Халанд заработи нова повреда.

Халанд не можеше да го заврши тренингот на норвешката репрезентација, а на социјалните мрежи беше објавена и снимка на која може да се забележи дека има проблеми со повреда.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Засега нема информации за потенцијалната тежина на повредата и се чекаат деталните прегледи.

Халанд веќе пропушти два месеци оваа сезона поради повреда на скочниот зглоб, па ова можеби би можело да биде нова грижа за Пеп Гвардиола пред клучниот дел од сезоната.

Да потсетиме, Сити има „пеколен“ ритам по репрезентативната пауза, бидејќи веднаш го пречекува Арсенал, потоа има серија мечеви во април, меѓу кои и двомечот од четврт-финалето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид и полуфиналето на ФА Купот со Челзи.

Останува да видиме колку време ќе треба Халанд да паузира и дали ќе биде подготвен за дербито со Арсенал за 11 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблем за ПСЖ: Гигантот остана без важен фудбалер за четвртфиналето во ЛШ

Бредли Баркола блесна во натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите против Чел…