Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од првата позиција на трката во Формула 1 за големата награда на Јапонија која во недела се вози на стазата „Сузука“.
Хамилтон во квалификациите имаше најдобро време, а веднаш зад него беше неговиот клупски колега Валери Ботас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Хамилтон ова е 71 пол позиција во кариерата, но зачудувачки е фактот што е негова прва во трката за Големата награда на Јапонија.
Од вториот ред ќе стартуваат Себастијан Фетел (Ферари) и Даниел Рикардо (Ред Бул). Пред трката во Јапнија Хамилтон води во генералниот пласман со 281 бод, пред Фетел кој има 241 бодови.