Дома Видео Драма во Мајами: Тенисер се онесвести среде меч 🎥

Драма во Мајами: Тенисер се онесвести среде меч 🎥

Францускиот тенисер Артур Казо колабираше за време на квалификацискиот мач на турнирот од Мастерс серијата во Мајами.

За време на третиот сет од мечот со сонародникот Харолд Мајот, додека се подготвуваше за продолжението на четвртиот гем од третиот сет, моментално 74-ти на АТП листата, Казо само се сруши на теренот.

Се претпоставува дека причината е жештината, односно исцрпеноста. По укажаната лекарска помош Французинот го предаде мечот при резултат: 4:6, 7:5, 2:1. Во моментот на прекинот температурот на теренот изнесуваше над 35 Целзиусови степени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Зверев дојде до полуфиналето на УС Опен, урна и рекорд на Борис Бекер

Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на САД Опен откако го совлада Ботик ван де …