Дома Видео Спектакуларно: Едвардс го изведе забивањето на сезоната во НБА 🎥

Спектакуларно: Едвардс го изведе забивањето на сезоната во НБА 🎥

Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс изминатата вечер го имаше забивањето на сезоната.

Едвардс постигна 32 поени во победата на својот тим против Јута Џез 114:104, а потегот за кој долго ќе се зборува го направи на крајот од третата четвртина кога по контранапад заби преку играчот на Јута Џон Колинс.

Во таа прилика Едвардс се повреди и себе и Колинс, но по лекарската интервенција го продолжи мечот

По овој триумф Минесота е израмнета на второто место во Западната конференција со Денвер со резултат 47:21, додека Оклахома е на првото место со учинок 47:20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…