Спортискиот директор на Јувентус имал средба со колегите од Баерн Минхен, бидејќи „старата дама“ е заинтересирана за двајца фудбалери на баварскиот гигант.
Главна цел на „бјанконерите“ е Леон Горецка, кој изминатите години се наметна како еден од најважните играчи на Баерн. Меѓутоа, во моментов не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германските медиуми пренесуваат дека и Баерн Минхен е спремен да се раздели со играчот доколку пристигне добра понуда.
Договорот на Леон Горецка со Баерн е до летото 2026 година, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.
Другиот играч е Мазрауи, Јувентус е во потрага по засилување на десната бековска позиција и наскоро ќе испрати понуда до Баерн.