Килијан Мбапе е на пат да стане нов играч на Реал Мадрид, а Кралскиот клуб веќе презеде одредени чекори за да ја заштити француската ѕвезда. Последните детали ги објави угледниот француски весник.
Накратко, првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез му постави ултиматум на Мбапе, или ЕП или ништо. Но, тоа го направи на многу генијален начин.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реал се реши на ваков потег по гласините дека најголемата француска ѕвезда би можела да добие покана за настап на Олимписките игри во Париз.
Имено, од таборот на Лос Бланкос е испратено писмо до Француската фудбалска федерација во кое инсистираат на ниту еден од нивните играчи кои летово се повикани на ЕП да не смее да игра на Олимписките игри.
Ова правило важи за Чуамени, Камавинга, Менди, а исто така и Килијан Мбапе кој на лето доаѓа во Реал Мадрид.
За споредба, Барселона не успеа да го стори тоа со Педри во 2021 година, кога на играчот му беше дозволено да игра и на ЕП и на Олимписките игри во истото лето. Оттогаш младиот играч за врска се мачи со повреди.
Затоа, Мбапе се очекува да го испочитува овој ултиматум од Реал Мадрид и летово да игра само во едно натпреварување, а не во двете.
Во меѓувреме, истото правило важи и за играчите на Реал Мадрид кои играат на Копа Америка како Валверде, Винисиус, Едер Милитао и Родриго.