Дома Фудбал Германија Се појави неочекувано име на листата кандидати за нов тренер на Баерн

Се појави неочекувано име на листата кандидати за нов тренер на Баерн

Баерн Минхен зад себе нема засега нема успешна. Тимот загуби во Суперкупот и Купот на Германија, а најверојатно и по 11 години доминација ќе остане и без титулата во Бундеслигата. Клубот веќе потврди дека тренерот Томас Тухел ќе замине на лето.

Во потрагата по нов тренер, Баерн се соочува со предизвик, бидејќи некои од нивните првобитни избори, како Чаби Алонсо, се веројатно на пат да се приклучат на друг клуб.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Сепак, сега се појави ново и изненадувачко име, Ралф Рангник, познат како “професорот по фудбал”. Тој веќе има богато искуство во фудбалот, од Шалке, Хофенхајм, Лајпциг, па се до Манчестер Јунајтед.

Одлуката околу новиот тренер сега е во рацете на спортскиот директор Макс Еберл, кој нагласи дека нема да брза со одлуката и ќе земе време пред да ја донесе крајната одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…