Саудискиот Ал Хилал испиша историја во светот на фудбалот со својата неверојатна серија од победи.
Со победата од 2-0 над Ал Итихад во четвртфиналето на азиската Лига на шампиони, Ал Хилал не само што се пласираше во полуфиналето, туку и постави нов светски рекорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оваа победа, тимот Ал Хилал ја продолжи својата историска низа од 28 последователни победи на официјални натпревари, што е рекорд во светскиот фудбал.
Претходниот рекорд беше во посед на тимот ТНС од Велс, кој имаше серија од 27 победи во нивното првенство. Потоа следат тимовите Ајакс со две впечатливи серии, првата со 26 победи, а втората со 25. Има и други тимови во листата со големи серии на победи, меѓу кои ТНС повторно (25), Кортиба од Бразил (24), Баерн (23), Реал Мадрид (22)…
🔝The longest winning streak in football history is now in #AlHilal’s name … Asia’s Leader records continue 💙 pic.twitter.com/WSic05SM4W
— AlHilal Saudi Club (@Alhilal_EN) March 12, 2024