Дома Фудбал Лацио остана без тренер, Сари поднесе оставка

Лацио остана без тренер, Сари поднесе оставка

Маурицио Сари поднесе оставка на местото тренер на Лацио, по поразот во Серија А на домашен терен од Удинезе со резултат 2:1.

Лацио моментално е деветти на табелата со мали шанси да избори пласман во Европа следната сезона.

Пред само неколку дена римскиот клуб се прости од учеството во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран од Баерн Минхен.

Сари попладнево ги информирал челниците на Лацио за својата намера. Тој се жали на недоволна поддршка од раководството за да му обезбеди тим согласно очекувањата, кои кога се работи за Лацио, секогаш се високи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…