Во емисијата “Индиректно” на телевизијата K1, се случи еден необичен момент, кога за време на гостувањето на Раде Богдановиќ се јави гледач од затвор да го коментира дербито помеѓу Партизан и Звезда кое се одигра за викендот и заврши без победник 2:2.
Гледачот кој се јавила беше навивач на Партизан, признавајќи дека и во затворот во Крагуевац го следел дербито и оваа емисија. Во продолжение дел од разговорот…
Ludilo u emisiji uživo!! Javio se član Alkatraza iz zatvora pic.twitter.com/ZQFv0fmyDn
— Rade Fantastični (@RFantasticni) March 11, 2024
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
– Се јавувам од затворот, се разбира, го следев дербито – започна гледачот.
– Дали сте навистина во затвор или… – со смеење го прекина Калиниќ.
– Ова навистина интересно – додаде Богдановиќ со насмевка.
– Да, навистина сум во затвор, префрлен сум тука во Крагуевац. Имате и поздрав од мојот пријател во ќелијата – одговори гледачот..
Во продолжение гледачот го даде своето мислење за натпреварот објаснувајќи дека за него ремито било очекувано.
„Мислам дека Партизанот беше подобар. Јас сум навивач на Партизан. Но на пријателот му кажав дека ќе биде нерешено. Ниту Партизан, ниту Звезда не очекував да победат. Бев сигурен во тоа – заклучи гледачот.