Едерсон, голманот на европскиот и англиски шампион Манчестер Сити, ќе отсуствува околу четири недели поради повреда на мускулот со која се здоби на неделното дерби против Ливерпул (1:1), пренесуваат англиските медиуми.
Едерсон се повреди додека го фаулираше напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, по што беше досуден пенал за „Црвените“. Иако Бразилецот го продолжи натпреварот, набрзо мораше да биде заменет со Ортега.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бразилскиот голман ќе го пропушти четвртфиналето од ФА Купот против Њукасл Јунајтед во сабота, по што ќе следи репрезентативна пауза. Според првичните информации, тој нема да биде подготвен ниту за дербито против Арсенал на 31 март.
Манчестер Сити моментално е на третото место во Премиер лигата со 63 бодови, со еден бод помалку од водечкиот двоец Арсенал и Ливерпул.
Едерсон бранеше на 36 натпревари за Сити оваа сезона. Прими 31 гол и остана со чиста мрежа на 12 натпревари.