Дома Фудбал Тренерот кој наголемо се подготвува за работата во Барса: „Отиде кај Гвардиола да добие совети“

Тренерот кој наголемо се подготвува за работата во Барса: „Отиде кај Гвардиола да добие совети“

Барселона е еден од клубовите кои од 30 јуни ќе имаат испразнето тренерско место. По одлуката на Чави Ернандез да си замине, клубот е во потрага по неговиот идеален наследник.

Еден од кандидатите е Ханси Флик, кој се уште е без ангажман. Германскиот тренер наводно е заинтересиран да работи во Барселона, како што опишува порталот Релево. Флик отиде во Манчестер на разговор за да дознае повеќе за работата во каталонската престолнина од самиот Пеп Гвардиола.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Заедно со тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, Флик важеше за најголем кандидат за нов тренер на Барселона и очигледно Германецот сега е на пол-позицијата.

На вечерата, Флик се сретна и со поранешниот помошник на Гвардиола, Доменец Торент, со кого пет часа разговараше за фудбалот и Барселона.

„Ако Флик научил нешто, тоа е она што го прави Барса“, опишува Релево, завршувајќи со реченицата дека „Барса го сака Флик“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…