Лука Модриќ синоќа го одигра 350. натпревар за Реал Мадрид во Ла Лига. Својот јубилеј го прослави со победа од 4:0 над Селта и на теренот мина 83 минути.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти по натпреварот зборуваше за Хрватот.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
„Лука Модриќ одигра врвен натпревар. Морам да ви кажам дека навивачите не му аплаудираат затоа што мислат дека ова му се последни натпревари туку поради неговиот настап“, вели Анчелоти.
Модриќ одигра вкупно 519 натпревари во дресот на Реал Мадрид, постигнувајќи 39 голови и 83 асистенции. Тој освои се што можеше и стана апсолутна икона на клубот.