Дома Останати Џошуа го победи Нгану со нокаут во втората рунда. Погледнете го бруталниот нокаут

Џошуа го победи Нгану со нокаут во втората рунда. Погледнете го бруталниот нокаут

Поранешниот двократен светски шампион Ентони Џошуа ја продолжи победничката серија.

Британецот со одличен настап во Кингдом арената во Ријад експресно го демолираше Френсис Нгану и победи со брутален нокаут во втората рунда.

Веќе првата рунда понуди многу возбудувања. Откако и двајцата разменија неколку удари, Џошуа со силна десница го собори Нгану.

Ентони продолжи во ист ритам и во втората рунда, соборувајќи го уште еднаш Камерунецот. Френсис стана, но во следниот напад на Џошуа тој повторно заврши на подот и приказната беше завршена.

Триесет и четиригодишниот Британец со тоа ја продолжи успешната серија и со нов триумф ги потврди амбициите наскоро да добие шанса да се бори за светската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…