Дома Останати Славниот Гари Каспаров Русија го прогласи за терорист!

Славниот Гари Каспаров Русија го прогласи за терорист!

Eден од најголемите шаховски велемајстори во историјата, Гари Каспаров во Русија е прогласен за терорист.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, руската финаниска разузнавачка служба објави дека Каспаров е додаден на листата „терористи и екстремисти“. Во прашање е повеќекратен светски шампион во шах кој долги години е и противник на Владимир Путин.

Стравувајќи од правна постапка од режимот во Русија, Каспаров подолг период живее во САД. Руските власти претходно го означија како „странски агент“ во 2022 година.

Во период од 1985 до 1993 година Каспаров беше светски шампион, а до 2000 година беше светски шампион на Федерацијата на професионални шахисти кој ја формираа заедно со Најџел Шорт.

Покрај Каспаров само уште двајца шахисти можат да се пофалат со шест светски титули, тоа се Еманел Ласкер и Антолиј Карпов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…