Јувентус покажува силен интерес за фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец Жоржињо на лето ќе се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жоржињо пред една година пристигна во Арсенал од Челзи и има договор до крајот на оваа сезона. Плејмејкерот на лето ќе ја промени средината, а негова желба е да се врати во Италија.
Неговиот агент веќе започнал преговори со Јувентус, кој е заинтересиран за 32-годишниот плејмејкер.
Жоржињо блесна во дресот на Наполи, а со италијанската репрезентација имаше една од главните улоги во освојување на европската титула.