Eкс-фудбалерот на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го критикуваше однесувањето на Винисиус Жуниор во вчерашниот натпревар против Лајпциг.
Поголем дел од фудбалската јавност смета дека судијата му прогледа низ прсти кога не го исклучи по двојниот намерен старт врз дефанзивецот на Лајпциг, Орбан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Винисиус прво грубо стартуваше и од зад грб го турна Орбан, а потоа и го турна. Мијатовиќ не може да разбере како Бразилецот си доволил така да се однесува во толку важен натпревар.
„Навистина не можам да го разберам тоа што го направи Винисиус. Замислете голот кој му беше поништен на Лајпциг во првиот натпревар, да беше поништен за Реал. Сега сите ќе зборувавме дека УЕФА не нѐ сака и е против нас. Треба да се биде објективен и да се каже дека Винисиус многу лесно можеше да биде исклучен и според мене го заслужи тоа. Во такви натпревари треба да се внимателен“, изјави Мијатовиќ.
Ќе потсетиме, токму Винисиус беше стрелец на голот на Реал за водство во вчерашниот дуел нешто подоцна по ситуацијата со Орбан.
ПОТЕГОТ НА ВИНИСИУС
Willi Orban on Vinicius Jr.🗣:
— Players Sayings (@PlayersSayings) March 7, 2024
“The referees don't have the balls to put such players down. He grabs my neck with both hands. This is disrespectful.”
pic.twitter.com/wZZX4JS6H8