Дома Останати Тенис Ново разочарување: Надал нема да игра на Индијан Велс

Ново разочарување: Надал нема да игра на Индијан Велс

Maли беа шансите, но спортската јавност се надеваше дека може да дојде до епско полуфинале помеѓу Ѓоковиќ и Надал во полуфиналето на Индијан Велс. За тоа да се случеше требаше Надал да биде во најдобра форма, меѓутоа Шпанецот на крајот се откажа и од овој турнир.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Беше пријавен Надал, а по вчерашниот ждреб пресметка со Ѓоковиќ беше можна само во полуфиналето, секако ако двајцата ги поминеа сите пречки. Но, Надал потврди дека се повлекува и од овој турнир.

„Со голема тага објавувам дека се повлекувам од овој одличен турнир во Индијан Велс, сите знаат колку го сакам ова место и играњето тука. Токму тоа е причината што дојдов порано, сакав да се подготвам. Тренирав и работев напорно, тестот го направив викендов, но не се чувствувам подготвен да играм на највисоко ниво.

Одлуката воопшто не е лесна, но не можам да се залажувам себеси и илјадниците фанови. Навистина ќе ми недостигате и сигурен сум дека ќе гледаме успешен турнир“, објави Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка му возврати на Ѓоковиќ, заводливо танцуваше по победата на Ролан Гарос (Видео)

Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, лесно помина во првото коло на вториот Гренд …