Дома Останати Кошарка НБА играч наеднаш се сруши и ги шокираше соиграчите. Успеа да стане, но не се врати

НБА играч наеднаш се сруши и ги шокираше соиграчите. Успеа да стане, но не се врати

Кошаркарот на Оклахома Сити, Бизмак Бијомбо колабираше на синоќешниот натпревар во НБА лигата, но за среќа стана и со помош замина во соблекувалната, од која не се врати до крајот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот објави дека првичната проверка не открила сериозен проблем, но тимот одлучил да го поштеди како мерка на претпазливост.

Резервниот центар на Оклахома Сити стана од клупата откако беше повикан тајмаут. Бијомбо изгледаше како да изгуби рамнотежа и одеднаш почна да паѓа.

Соиграчите и персоналот брзо се собраа околу него, беше донесена и количка, но Бијомбо набрзо стана и сам тргна кон соблекувалната, држејќи се за задниот дел од главата. Не е јасно што го предизвикало падот, вртоглавица или само губење на рамнотежа и дали удрил со главата, иако може да се заклучи дека удрил, со оглед на положбата на столовите и држењето на задниот дел од главата на патот до соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит. Как…