Дома Фудбал ВИДЕО Мајсторијата на Олмо која можеше да го шокира Реал во 91 минута

ВИДЕО Мајсторијата на Олмо која можеше да го шокира Реал во 91 минута

Реал Мадрид со вкупни 2:1 против РБ Лајпциг влезе во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

На својот стадион Кралевите одбранија предност од 1:0 од првиот натпревар. Заврши 1:1, а Лајпциг беше многу поблиску до победа. Натпреварот можеше да оди во продолженија доколку малку повеќе среќа имаше Дани Олмо во 91. минута.

Dani Olmo hits the bar in the 91st minute with a chip.
byu/Sal21G insoccer

Поранешниот играч на Динамо од тешка ситуација се обиде со лоб удар да го совлада голманот на Реал, Андриј Лунин. Неговиот мајсторски обид заврши на гредата и резултатот остана 1:1. Олмо одигра квалитетен натпревар, како и соиграчите, но тоа не беше доволно за да го елиминира Реал.

Клубот од Мадрид влезе во четврт-финалето, а таму досега свое место изборија Манчестер Сити, ПСЖ и Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…