Баерн во реваншот од осминафиналето во Минхен го победи Лацио со 3:0, додека во вториот вчерашен натпревар ПСЖ го совлада Реал Сосиедад со 2:1 и со тоа обезбедија пласман во четврфиналето во ЛШ.
Баварците конечно имаа одличен настап во Минхен, доминираа практично во текот на целиот натпревар, имаа далеку повеќе можности и шутеви и сосема заслужено ја извојуваа 12-та победа во последните 13 настапи во осминафиналето. Два гола постигна Хари Кејн (39′, 66′), а еден Томас Милер (45+2′).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На тој натпревар голманот на Баерн Мануел Нојер израмни рекорд во Лигата на шампионите.
37-годишниот германски голман го забележа 57. натпревар во кој не прими гол. Исто толку има и рекордерот Икер Касиљас кој бранеше за Реал Мадрид и Порто.