Дома Фудбал Останато Чаби Алонсо се одлучил за Баерн пред Ливерпул, познато и зошто

Чаби Алонсо се одлучил за Баерн пред Ливерпул, познато и зошто

Чаби Алонсо со својот Леверкузен е вистински хит сезонава и воопшто не е изненадување што европските гиганти посакуваат да го доведат.

Во прв план се оние клубови каде што веќе е потврдена тренерската смена, како Баерн и Ливерпул. Германскиот „Скај“ сега објави дека Алонсо прифатил да го води Баерн што е изненадување ако се знае поврзаноста која ја има со Ливерпул кој останува без Јирген Клоп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа медиумот има и објаснување за ваквиот потег на Алонсо. Имено, Алонсо наводно е свесен за притисокот кој би го дочекал во Ливерпул каде што остави далбока трага како играч. Поради тоа тој смета дека не е подготвен за таков чекор кој би можел да го наруши неговиот углед на „Енфилд“.

Затоа за него Баерн изгледа како подобра опција каде што не би бил толку мнгоу на удар во случај на неуспех. Иако играше за Баерн, сепак нема иста поврзаност како со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…