Екипата на Барселона пропушти прилика да ја намали предноста во однос на Реал Мадрид и одигра само реми без голови во синоќешниот натпревар против Билбао.
Натпреварот на „Сан Мамеш“ не понуди многу возбудувања и помина во знакот на тактичкото надмудрување на двајцата тренер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Освен што не победи, лоша вест за Барселона се и повредите на Френки Де Јонг и Педри.
Холандскиот играч за врска при еден пад го повреди зглобот и беше заменет уште во 26. минута. Пред крајот на полувремето се повреди и Педри, веројатно потешко. Младиот фудбалер натпреварот го напушти во солзи.
Натпреварот не донесе многу шанси, Кансело имаше еден солиден обид за Барселона, додека на другата страна се обиде Дени Гарсија.
Со ова реми сигурно позадоволни се во Атлетик кој е петти со 50 бода, додека Барселона има 58 на третото место.