Шпанија ја потресе голем инцидент кој се случил вчера пред натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека околу 60 навивачи на Билбао влегле во ресторан каде што биле фанови на „јорганџиите“ и ги нападнале.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од навивачите заработил сериозни повреди на главата, а неговата сопруга кратко опиша што се случувало и го обвини домаќинот за лоша организација.
„Од самиот почеток се беше лошо организирано. Билбао не извести дека нема да има посебно место каде што треба да пристигне автобусот со навивачи. Ни кажаа одете каде сакате и знаевме дека тоа е стапица“, изјави Ана Ману Карења.
На социјалните мрежи се појавија и снимки од инцидентите.