Дома Македонски спорт Совет до Барселона: Купете го Столе Димитриевски!

Совет до Барселона: Купете го Столе Димитриевски!

Kaталонскиот весник Мундо Депортиво и препорачува на Барселона да го доведе Столе Димитриевски за резервен голман наредната сезона.

Во овој момент во Барселона размислуваат дали да ја продолжат соработката со Ињаки Пења кој е втор голман и договорот му истекува на 30-ти јуни, денот кога истекува договорот и на Димитриевски со Рајо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарот на „Мундо Депортиво“, Жорди Батаља во текстот потсетува и дека Димитриевски беше блиску до Барселона во 2022 година, тогаш не се пресели на „Ноу Камп“ само затоа што тогашниот резервен голман на Барса, Нето го откажа трансферот.

Денес Димитриевски се уште брани во добра форма и сигурно е еден од најдобрите голмани во шпанската Ла Лига. Тој е на третото место бо шпанското првенство по бројот на натпревари без примен гол, има девет. Пред него се само Унаи Симон од Атлетико со 12 и Алекс Ремиро од Реал Сосиедад со 11.

Димитриевски во својата последна изјава за медиумите во Шпанија потенцираше дека нема ништо против да го продолжи договорот со Рајо, но додаде и дека не зависи се од него. Барса пак се поврзуваше со Давид Де Геа кој се уште е слободен агент по заминувањето од Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

РФМ се огласи по херојската победа на Македонија

Maкедонската ракометна репрезентација вчера триумфираше со потребните осум гола разлика (3…