Дома Фудбал ВИДЕО Билбао го декласира Атлетико Мадрид и се пласира во финалето на „Копа дел Реј“

ВИДЕО Билбао го декласира Атлетико Мадрид и се пласира во финалето на „Копа дел Реј“

Го дознавме и вториот финалист во „Копа дел Реј“, фудбалерите на Атлетик Билбао и по втор пат го совладаа Атлетико Мадрид.

По гостинскиот триумф од 1:0, на реваншот играчите на тренерот Ернесто Валверде со 3:0 ги надигра „јорганџиите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао по еден погодок запишаа И. Вилијамс во 13, Н. Вилијамс во 42 и Гурузета во 61 минута.

Противник на Атлетик во борбата за титулата во натпреварувањето ќе биде екипата на Мајорка која го елиминираше Реал Сосиедад.

Финалето меѓу Мајорка и Атлетик Билбао ќе се игра на 6 април во Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…