Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми 80 милиони за ѕвездата на Астон Вила

Манчестер Јунајтед спреми 80 милиони за ѕвездата на Астон Вила

Европските гиганти покажуваат силен интерес за играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Даглас Луиз.

Даглас Луиз е еден од најдобрите поединци во Астон Вила, неодамна го продолжи договорот, но е спремен да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој игра фантастична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.

Неколку европски гиганти го сакаат Бразилецот, но најсилен е интересот на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ нема да жалаат пари да го доведат на „Олд Трафорд“ бидејќи во него гледаат идеална замена за Каземиро.

Астон Вила за неговата слобода на лето ќе бара 80 милиони евра и нема да разгледува помали понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Потврдени уште две заминувања од Ливерпул

Пред неколку месеци беше потврдено дека Јирген Клоп наредната сезона нема да биде тренер н…