Дома Фудбал Останато Mурињо откри кој е единствениот натпревар по кој плачел поради пораз

Mурињо откри кој е единствениот натпревар по кој плачел поради пораз

Жозе Мурињо по отказот во Рома во овој момент е без клуб, но во кариерата оствари големи успеси освојувајќи титули во Европа, Португалија, Англија и Шпанија. Сепак како и во секоја кариера така се соочи и со порази, па сега го откри оној кој најмногу го погодил.

Во перидот додека беше во Реал Мадрид не успеа да ја освои Лигата на шампионите, а најблиску беше во 2012 година. Таа година тимот на Мурињо беше запрен од Баерн Минхен кој ги елиминираше на пенали.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во првиот натпревар Баерн победи со 2:1, додека во вториот Реал возврати со истиот резултат, па натпреварот отиде во продолженија, каде што немаше голови. Во пенал рулетот трагичар за Реал беше Роналдо кој не успеа да го совлада Мануел Ноер.

„Натпреварот против Баерн кога го водев Реал Мадрид е единствениот по кој сум плачел за пораз. Не го направив тоа додека бев на теренот и соблекувалната, но плачев кога стигнав дома. Бев навистина скршен, тогаш добив повик од мојот агент Жорж Мендеш.

Ми препорача да одам кај Роналдо на кого исто така му беше тешко. Бевме во идентична ситуација, па се обидовме колку што може да се утешиме“, раскажа Мурињо за „Амазон Прајм“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…