Кристијано Роналдо е суспендиран на два натпревари поради недолични гестови упатени кон некои навивачи кои го испровоцираа скандирајќи го името на Лионел Меси.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дисциплинското тело на саудиската про лига го казни фудбалерoт со два меча суспензија, а доби и парична казна.
„Ги почитувам сите клубови. Мојот потег покажува сила, не е срамно и навикнати сме на тоа во Европа“, изјави Роналдо.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Роналдо е казнет со два натпревари суспензија и парична казна.
Роналдо ќе ги пропушти натпреварите против Ал Хазма и Ал Раед но се очекува да го предводи тимот на мечот од азиската Лига на шампиони против Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати.