Дома Фудбал По 210 минути игра и пенали го добивме првиот финалист на Кралскиот куп!

По 210 минути игра и пенали го добивме првиот финалист на Кралскиот куп!

По првиот натпревар и резултатот 0:0, синоќа Сосиедад и Мајорка одиграа 1:1. Следуваше продолжение во кое немаше голови, а потоа и пенали каде Мајорка подобро се снајде и продолжи понатаму.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гледавме многу досадно прво полувреме кое можеше да биде зачинето со гол на самиот крај, но тоа не се случи.

Реал Сосиедад доби пенал, Мендез ја презеде одговорноста, но промаши. Шутираше во средината, а тоа го одбрани голманот на гостите, Гриф.

Казната дојде на отворањето на вториот дел. Гонзалез Апуд по еден центаршут погоди со глава за водство на Мајорка. Тоа беше и единствениот удар кон голот на гостите во 120 минути игра.

Сајл Ларин во 64. минута имаше шанса да го удвои водството на Мајорка, а во 71. минута домашните израмнија.

Резервистот Микел Ојарзабал постигна убав погодок и го одведе овој натпревар во дополнителни 30 минути.

Тирни имаше одлична шанса за домашните во петтата минута од првото продолжение, неговиот удар беше изблокиран и гледавме пенали.

Словачкиот голман Доминик Грeиф во првата серија го одбрани пеналот на Ојарзабал и на Мајорка и донесе финале на Купот на Крапот по четврти пат во својата историја (1-1, 4-5).

Билбао и Атлетико Мадрид денеска ќе го одиграат вториот натпревар од полуфиналето. Баскискиот тим победи со 0:1 во Мадрид во првиот натпревар и има одлична шанса да се пласира во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рудигер по сезоната на Реал без трофеи: Што сакате, да плачеме?

Антонио Рудигер останува во Реал Мадрид уште една сезона. Иако „кралскиот клуб“ тоа сè ушт…