Дома Фудбал Погледнете го славјето на Анчелоти по мечот со Севиља

Погледнете го славјето на Анчелоти по мечот со Севиља

Реал Мадрид доцна синоќа ја победи Севиља со 1:0. Натпреварот кој се играше во рамките на 26. коло во шпанската Ла Лига, го реши Лука Модриќ со одличен гол во 81. минута, само пет минути откако влезе на теренот како замена за Начо Фернандез.

Ова беше втор првенствен гол за Модриќ во сезоната, откако постигна гол во победата од 4:1 против Виљареал во декември.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Совршено разбирам што може да мисли Модриќ кога не игра затоа што тоа и самиот го доживеав како играч. И покрај тоа, Модриќ не личи на играч кој влезе во 39 години. Го прославивме голот на Лука затоа што го заслужи. Постигна одличен гол и многу придонесе откако влезе во игра. Многу ми е тешко кога го чувам на клупата, но тој секој ден покажува дека е пример за целиот тим“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти, чие славје беше снимено од камерата по последниот свиреж на судијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…