Францускиот напаѓач Карим Бензема беше фудбалерот за кој најмногу се зборуваше во последниот период во Саудиска Арабија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бензема беше казнет поради доцнењето на подготовките и пропушти неколку натпревари, а во тој период на големо се пишуваше дека ќе го напушти клубот и ќе се врати во Европа. Имаше проблеми Бензема со претходниот тренер Нуно Еспирито Санто кој подоцна замина.
Постоеа информации дека Бензема не е во добри односи и со сегашниот стратег на Ал-Итихад, Гаљардо, меѓутоа сега Французинот одлучи да се огласи и ги демантираше таквите тврдења.
„Со тимот сум, се вратив и се чувствувам многу подобро. Пишувањата за мое заминување не се точни, среќен сум во Саудиска Арабија.
Немам никаков проблем со тренерот, престанете да лажете за мене. Сите кои велат дека сакам да се вратам во Европа се големи лажговци. Прашајте го тренерот ако сакате за отсуството, бев подготвен уште на почетокот на февруари“, изјави нервозно Бензема.