Дома Фудбал Многумина го посакуваат – Ерлинг Халанд одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Многумина го посакуваат – Ерлинг Халанд одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Ерлинг Халанд одлучи каде сака да ја продолжи кариерата. Ги растажи сите клубови кои сакаа да го доведат во летниот преоден рок.

23-годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд е играч кој секој го посакува во својот тим. Сепак, изгледа дека нема да оди никаде од Етихад, барем не ова лето.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


По извонредните игри во дресот на Манчестер Сити и 71 гол во 84 настапи, норвешкиот напаѓач се најде на радарот на Реал Мадрид.

Неодамна на печатот во Шпанија дури се зборуваше за планот на Флорентино Перез, претседателот на Реал, следното лето да ги доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд на „Сантијаго Бернабеу“.

Преговорите за нов договор привремено ги „блокираше“ менаџерката на играчот Рафаела Пименто, но се чини дека наскоро се ќе биде комплетирано.

Ерлинг Халанд наводно ја отфрлил можноста за преселба во Реал Мадрид од моментот кога станало речиси јасно дека Килијан Мбапе ќе замине таму.

Актуелниот договор меѓу Халанд и Сити има важност за уште три години, односно до летото 2027 година. Да потсетиме, тој пристигна од Борусија Дортмунд летото 2022 година за 60 милиони евра.

Но, според последните информации на англиските новинари, овој план на Лос Бланкос има мали шанси да успее.

Како што пренесува The Athletic, Ерлинг Халанд не размислува за трансфер во Реал Мадрид и сака да потпише продолжување на договорот со Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Лудо“ дерби во Манчестер: „Ѓаволите“ со луд пресврт во две минути ја продолжија агонијата на Манчестер Сити! 🎥

Манчестер Јунајтед со луд пресврт во две минути славеше ппобеда во дербито со градскиот ри…