Дома Фудбал Германија Зидан спремен да му каже ДА на Баерн Минхен

Зидан спремен да му каже ДА на Баерн Минхен

Зинедин Зидан сепак не ја отфрла можноста да седне на клупата на Баерн Минхен, објавија шпанските медиуми повикувајќи се на извори блиски до Французинот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Томас Тухел е на излезна врата, па Баерн веќе размислува за нов тренер и ја започна потрагата.

Според германските медиуми, челниците на Баерн Минхен го контактирале Зинедин Зидан и му понудиле да го наследи Томас Тухел.

Французинот веќе неколку години е без ангажман, одби неколку понуди и сега е спремен да се врати на тренерската работа.

„Зинедин го гледа Баерн како Реал Мадрид – институција како клуб со одлично минато и одлични услови за работа. Двата клуба имаат многу сличности во начинот на работа. Во овој поглед, Баерн е тема што никогаш не ја отфрлил“, откри пријател на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…