Дома Фудбал Останато Ужасна повреда на најбогатиот фудбалер во светот – итно му беше направена операција

Ужасна повреда на најбогатиот фудбалер во светот – итно му беше направена операција

Фаик Болки, најбогатиот фудбалер во светот доживеа ужасна повреда како член на тајландскиот клуб Рачабури.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што е веќе познато во светот на фудбалот неговото богатство не е заработено на фудбалските терени, туку тој е внук на султанот од Брунеи, богаството кое го поседува се проценува на 20 милијарди долари.

На последниот натпревар тој доживеа повреда така што незгодно му се заглави ногата под противникот. По повредата итно бил пренесен во болницата, а подоцна клубот соопшти дека морало да му биде направена операција.

„Ви благодарам на убавите зборови и желбите за брзо опоравување. Ќе останам позитивен и напорно ќе работам да се вратам на терените уште посилен“, објави Болки на социјалните мрежи.

Болки е роден во Лос Анџелес, а во фудбалот се заљубил во Англија каде и што живеел од својата втора година. Принцот Џефри, неговиот татко истакна дека тој сакал да побегне од релаксираниот живот.

„Родителите секогаш ме поддржувале во остварување на мојот син. Психолоши и физички ме припремија за се уште додека бев дете“, изјави Болки.

Неговите соиграчи во клубовите каде што настапувал често пати зборуваа дека по однесувањето воопшто не може да се претпостави дека станува збор за некој кој поседува толкаво богатство. Неговиот најголем успех во кариерата е што стигна до дресот на англиски Лестер каде што помина три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капитенот на Реал организираше збогувачка вечера – еден човек не е поканет!

Дани Карвахал по 13 години заминува од Реал и затвора едно од најтрофејните поглавја во ис…