Дома Фудбал Шок за Ливерпул: Клучен играч заработи сериозна повреда, ќе отсуствува неколку месеци

Шок за Ливерпул: Клучен играч заработи сериозна повреда, ќе отсуствува неколку месеци

Ливерпул во наредните месеци нема да може да смета на услугите на португалскиот напаѓач Диого Жота поради повреда на коленото.

Жота го повреди коленото пред три дена на лигашкиот натпревар против Брентфорд. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не откри колку време Португалецот ќе биде надвор од терените, само рече дека ќе биде со месеци. Диого има проблеми со коленото, очигледно тоа ќе трае со месеци“, изјави Клоп за клупската веб-страница.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Не можев да ви дадам точна временска рамка, како што реков претходно, сите тие различно реагираат на различни проблеми. Во победата против Брентфорд од 4:1 се повреди и средниот бек Куртис Џонс, а на списокот на повредени се и Трент Александер-Арнолд, Алисон Бекер и Доминик Собослаи.

Ливерпул во сабота го очекува финалето на Лига купот против Челзи, а денеска ќе одигра првенствен натпревар против Лутон.

„Во среда имаме неверојатно важен натпревар против навистина добар тим. Не сум сигурен дека им се дава доволно почит на нивниот тим. Тие одиграа одлично против Манчестер Јунајтед. Да, тие загубија, но тоа беше неверојатен натпревар. Имаат добри играчи, одличен тренер и ќе биде тешко“, истакна Клоп.

Покрај за Лига купот, Ливерпул се бори за уште три трофеи. Во првенството „црвените“ водат со 57 бодови, еден повеќе од Манчестер Сити и два повеќе од Арсенал. Тие се пласираа и во осминафиналето на Лига Европа и осминафиналето на ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Не сум ниту навивач, ниту Србин, но тоа што и го направија на Звезда е срамно – овој човек постојано прави инциденти“

Бурно реакции во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанец кој го водеше нат…