Шпанскиот голман Давид Де Геа е надвор од терените седум месеци, голманот е без ангажман откако го напушти Манчестер Јунајтед.
Но, според последните информации конечно е пред враќање. Најавите се дека во потесна конкуренција за потпис со Де Геа се: Бетис, Севиља и Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Шпанија даваат предност на Барселона каде што Де Геа не би бил прв голман, туку резерва на Марк Андре Тер Штеген.
Во следните денови се очекува на Де Геа да му биде понуден договор, а голманот ќе го има последниот збор.