Францускиот гигант Олимпик Марсеј бележи очајни резултати во последно време, па поради тоа отказ заработи тренерот Џенаро Гатузо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот стратег беше отпуштен откако тимот не победи на последните шест натпревари во француската Лига 1. Во овие шест натпревари Гатузо запиша четири нерешени натпревари и два порази.
Во овој момент Марсеј се наоѓа на деветтата позиција во Лига 1 со 30 освоени бодови, осум помалку од четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.