Дома Фудбал Скандалозен потег на Србинот: Лука Јовиќ му удри шлаканица на играч на Монца, веднаш реагираше ВАР собата!

Скандалозен потег на Србинот: Лука Јовиќ му удри шлаканица на играч на Монца, веднаш реагираше ВАР собата!

Тимот на Монца синоќа стигна до една од најголемите победи во својата историја и во 25. коло во Серија А со 4:2 славеше победа над Милан.

Натпреварот беше одлучен во драматична завршница. Монца во финишот од првиот дел постигна два гола преку Песина и Мота, па така на паузата имаше 2:0.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Не започна добро ниту второто полувреме за Милан. Лука Јовиќ кој доби шанса од Пиоли од стартот на мечот направи глупост и заработи втор жолт картон откако удри шлаканица на еден противнички фудбалер.

Милан и во таква ситуација преку Жиру во 65. минута постигна гол на надеж. Тој гол како да дојде во вистинско време, па „росонерите“ создадоа уште неколку добри прилики. Избраниците на Пиоли и стигнаа до изедначување со прекрасниот гол на Пулишиќ во 88. минута.

Во тие моменти изгледаше дека Милан на неверојатен начин со играч помалку ќе успее да да го избегне поразот, сепак Монца не се откажа. Само две минути подоцна Бондо постигнува гол и го враќа водството на домаќините. Конечните 4:2 ги постави Коломбо во 95. минута, треба да се спомене дека Коломбо е фудбалер кој во Монца игра како позајмен фудбалер токму од Милан.

Милан со поразот испушти шанса да дојде до второто место на табелата и останува на третата позиција со 52 бода, два помалку од Јувентус и 11 помалку од Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…