Дома Фудбал Хари Кејн го уништи мајсторското додавање на Мусиала, погледнете што направи играчот од 100 милиони евра

Хари Кејн го уништи мајсторското додавање на Мусиала, погледнете што направи играчот од 100 милиони евра

Синоќа во 22. коло од германската Бундес лига, Бохум приреди сензација со победата од 3:2 против Баерн, а на удар се најде и Хари Кејн за неверојатно промашување во ситуација која можеше да го одлучи натпреварот.

Иако Баерн водеше со голот на Мусиала, домашните направија пресврт и водство од 3:1 со головите на Асан, Шлотербек и Стогер, а Хари Кејн во самиот финиш на натпреварот ги постави конечните 3:2.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, токму Кејн беше мета на жестоки критики поради ситуацијата што се случи во 19. минута од натпреварот, кога англискиот напаѓач имаше шанса да постигне гол за 2:0 и уште тогаш да го „реши“ мечот, но тој не успеа да го стори тоа..

Џамал ​​Мусиала испрати мајсторско додавање за Кејн, кој излезе сам на голманот на Бохум, а потоа на шок и неверување на сите на стадионот ја испрати топката високо над голот на домаќините.

Jamal Musiala great pass to a Harry Kane miss vs Bochum 19′
byu/Imbasauce insoccer

Вакви промашувања не сме навикнати да гледаме од напаѓачот кого Баерн летово му плати дури 100 милиони евра на Тотенхем, а сигурно е дека ова е едно од најтешките промашувања што ги имал Кејн во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси гради шампионски тим: Мареска ќе купи две засилувања од Дортмунд

Челси оваа сезона игра во одлична форма и моментално се наоѓа на второто место во англиска…