Дома Фудбал Романо открива: Баерн донесе одлука – Тухел останува!

Романо открива: Баерн донесе одлука – Тухел останува!

Баерн го тресе голема криза. По поразот од лидерот Баер Леверкузен (3:0) со кој актуелниот шампион ја зголеми разликата до единствениот конкурент за титулата и загубениот прв натпревар од првата нокаут рунда од Лигата на шампионите кај Лацио (1:0 ), следеше нов шок.

Баерн загуби и од просечниот Бохум (3:2) во Бундеслигата. Баерн загуби три натпревари по ред.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Последен пат тоа му се случи пролетта 2015. Незапирливиот Леверкузен повторно победи, па Баерн сега на 12 кола пред крајот заостанува цели 8 бода зад водечкиот тим.

Секако, сето горенаведено значи дека тренерот на Баерн е под огромен притисок. Синоќа по натпреварот, најсигурниот извор во врвниот фудбал Фабрицио Романо напиша: „Во тек се консултации со челниците на Баерн. Работата на Тухел е под знак прашалник. Директорите и претседателот на клубот одлучуваат за иднината на тренерот“. Околу полноќ, Романо донесе нова вест: „По состанокот на клупскиот врв, Баерн реши да продолжи со Тухел“.

Секако, Тухел сега треба да победува во серија ако сака да ја задржи работата, а пред него има голем предизвик. Дербито со Лајпциг во Бундеслигата и реваншот во Лигата на шампионите против Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…