Дома Фудбал Артета потврди: Го сакаме Мбапе, но тој нема да дојде на Емирати

Артета потврди: Го сакаме Мбапе, но тој нема да дојде на Емирати

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека би било апсурдно доколку „топчиите“ не се заинтересирани за Килијан Мбапе, кој сигурно ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот од сезоната.

Мбапе неодамна ги информираше претставниците на францускиот шампион дека ќе ја смени средината кога ќе му истече договорот на крајот на сезоната, а Артета рече дека Арсенал има обврска да покаже интерес за играч како Килијан.

„Кога на пазарот има фудбалер од тој калибар, ние мора да бидеме заинтересирани. Сепак, можам да кажам дека се чини дека нема да дојде на Емирати“, изјави менаџерот на Топџиите.

Реал долго време преговара со Мбапе и се верува дека е голем фаворит да го добие доколку светскиот вицешампион стане слободен агент.

Арсенал е на третото место на табелата во Премиер лигата со 52 бода, додека лидер е Ливерпул со 54.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…