Самуел Умтити (30) би можел да ја заврши кариерата, пренесуваат француските и шпанските медиуми.
Светскиот шампион со Франција во 2018 година и стопер на Лил чија вредност кога настапуваше за Барселона беше 70 милиони евра, денес се проценува на само три милиони, повторно повреден, поради што најверојатно нема да игра до крајот на сезоната и пред е одлуката дали да ја продолжи или да ја заврши кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Француските медиуми пишуваат дека операцијата на коленото на Умтити поминала добро и дека неговиот тренер Пауло Фонсека не можел да даде прецизен одговор на прашањето дали тој и Лил можат да сметаат на него оваа сезона.
Неговиот статус во францускиот тим е играч кој седи на клупата и игра само повремено, па во оваа натпреварувачка година одигра само шест првенствени натпревари, односно само 181 минута во нив.