Дома Фудбал Aртета: Го сакаме Мбапе!

Aртета: Го сакаме Мбапе!

Meнаџерот на Арсенал Микел Артета изјави дека би било апсурдно „топџиите“ да не се заинтересирани за играч како Килијан Мбапе кој како што стојат работите ќе заврши во ПСЖ на крајот од сезоната.

Вчера беше објавено дека Мбапе ги известил челниците на ПСЖ за неговата намера да замине на крајот од сезоната.

„Кога на пазарот е фудбалер од таков калибар, мораме да бидеме заинтересирани, секако дека го сакаме. Сепак, можам да кажам дека е тешко да дојде кај нас“, изјави Артета.

Реал Мадрид веќе долго време се поврзува со Мбапе и би било чудно Французинот на крајот да се пресели во друг клуб. Арсенал сезонава се бори за титулата во Премиер лигата и се наоѓа на третото место со 52 бода, лидер е Ливерпул со 54.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…