Килијан Мбапе како што стојат работите ги игра последните натпревари во дресот на Пари Сен Жермен. Најпознатите медиуми и новинари во текот на вчерашниот ден објавија дека ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната.
Од Париз сега пристигнуваат и информации како ПСЖ го планира „животот без Мбапе“. Со заминувањето на францускиот голгетер во ПСЖ би ослободил буџет од околу 200 милиони евра кои клубот ги издвојува секоја сезона за напаѓачот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сосема јасно е дека тие пари сега можат да бидати скористени за да се доведат неколку други одлични фудбалери.
Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ веќе ги контактирал: Салах, Бернардо Силва, Осимен и Рафаел Леао.
Тешко е да се верува дека францускиот гигант може да ги доведе сите четворица, но и со двајца од наведените сигурно повторно би имале екипа од која многу ќе се очекува.