Дома Фудбал Англија Индиректно барање: Клоп го слушна ли ова?

Индиректно барање: Клоп го слушна ли ова?

Екипата од „Енфилд“ оваа сезона не блеска, почнаа добро, но откако Мане заработи црвен картон против Сити, некако се тргна кон распад на Ливерпул.

Во нападот немаат ниту среќа, беа доминантни во поголемиот број дуели во септември, но не успеваа да го пронајдат патот до мрежата на противникот, додека одбраната потфрли, па беа забележани лоши резултати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се доби впечаток дека Клоп направи грешка што не ја засили задната линија на тимот, но кога малку подобро ќе се погледне, на Ливерпул му недостасуваат и квалитетни играчи за врска.

Вајналдум и Хендерсон се во лоша дформа, Емре Џан е единствениот на висината на задачата, а тоа очигледно не е доволно за натпреварување на повеќе фронтови.

Францускиот фудбалер, Адријан Рабио би бил фантастично засилување за екипата на Клоп, а сега и самиот изјави дека навива за „Црвените“, но и дека еден ден би сакал да заигра во англиската Премиер лига.

„Постојат многу квалитетни лиги. Добро е да се замине некаде, тоа ве прави побогат, но моментално сум среќен во ПСЖ. Би сакал да играм во Премиер лигата. Не постои ниту еден клуб за кој би сакал посебно да играм, но како мал навивав за Ливерпул“, изјави талентираниот Французин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса се пласира во полуфинале, а Флик застана пред камера и одржа лекција на играчите: Ова станува проблем

Барселона се пласираше во полуфиналето на Купот на кралот затоа што синоќа во гостувањето …