Повеќе клубови планираат да менуваат тренери по оваа сезона, а еден од најпосакуваните секако е Чаби Алонсо кој прави „чуда“ со Леверкузен сезонава во германската Бундеслига.
Баерн Минхен вчера беше поразен од Лацио во осминафиналето, а со тој пораз само се зголеми притисокот врз Томас Тухел. Поради тоа денеска во медиумите се појави информациите дека гигантот од Минхен ќе се обиде да на клупата да го доведе својот поранешен фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, на Баерн нема воопшто да му биде лесно да го доведе Алонсо бидејќи во овој момент тој е фаворит за клупата на Ливерпул каде што заминува Јирген Клоп. Исто така тука е и Барселона од каде што заминува Чави.
Останува наредниот период да покаже каков ќе биде изборот на Алонсо. Треба да се спомене и дека предност имаат неговите поранешени клубови Ливерпул, Баерн и Реал Мадрид бидејќи во договорот со Леверкузен има клазула според која клубот не би можел да го задржува ако стигне понуда од некој од овие три клуба.
Во Реал Мадрид ситуацијата е мирна бидејќи на Анчелоти добро му оди оваа сезона, па така остануваат двата споменати европски гиганти.