Капитенот на Пари Сен Жермен, Бразилецот Маркињос беше критикуван од страна новинарот Даниел Риоло, а тие критики фудбалерот не ги прифати баш најдобро.
Маркињос одигра солиден натпревар во вчерашната победа на ПСЖ против Реал Сосиедад од 2:0, сепак и покрај тоа доби критики во текот на анализата на емисијата „Афтер фут“.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Критиките за Маркињос во анализата ги изнесе споменатиот новинар Даниел Риоло.
„Со Маркињос постои реален проблем во Лигата на шампионите. Од некоја причина игра како пос*ан. Навистина не знам зошто, но секогаш кога ќе прими топка ми изгледа како исплашен. Однесувањето му е како на лузер“, искоментира Риоло.
Ваквите зборови на Риоло стигнаа и до Маркињос кој жестоко му возврати.
„Ако мислиш дека си маж дојди и кажи го ова пред мене. Ќе видиме кој ќе биде пос*ан кога ќе те начекам надвор некаде“, одговори Маркињос.